На листата на најмоќни и најбогати луѓе во светот што ја објави „Форбс“ се најде македонскиот емигрант во САД Мајк Илич. Веднаш по објавувањето на листата на „Форбс“, српските медиуми меѓу кои и порталот на српската дијаспора го претстави Мајк Илич како Србин и го вметнува во листата на „100 најмоќни Срби“. Чудно е како српските медиуми го претставуваат Мајк Илич за Србин иако во неговата биографија тој јасно се изјаснува дека е дете на македонски емигранти.
Според „Форбс“, богатството на Мајк Илич се проценува на 2,6 милијарди долари, а тој се најде на 212 место на листата на најмоќни луѓе во светот, додека на листата на најбогати американци се наоѓа на 181 место, а 521 позиција на листата на најбогати луѓе во светот. Ваквото позиционирање во светот на бизнисот на американецот со македонско потекло Мајк Илич го привлече вниманието на македонската јавност.
Мајк Илич, денес е сопственик на најголемата бизнис империја во сојузната држава Мичиген. Во неговата компанија се вработени над 25.000 луѓе, од кои околу 6.000 лица се македонски иселеници. Тој е сопственик на хокеј-клубот „Red Wings“ од Детроит, безбол-клубот „Detroit Tigers“ и поседува 15% од НБА-тимот „Detroit Pistons“. Оcновач е на реcтораните за пица „Little Ceasars Pizza“ и има синџир на околу 4.000 ресторани низ светот. Сепак, најпозната негова сопственост е познатиот „Фокс театар“ во Детроит.
Животната сторија на американскиот мултимилјардер од македонско потекло Мајк Илич започнува на почетокот на минатиот век. Мајк Илич или Миахаил Илиев(ски) е роден на 20 јули 1929 година во градот Битола во Вардарскиот регион на Македонија, неговото оригинално презиме било променето од Илиев или Илиевски во Илич за време на поделбата на Македонија и српската окупација на Вардарска Македонија (каде што се наоѓа Битола) Војните, економската криза и репресиите го принудуваат семејството на Сотир Илиевски (Илич) од Битола да емигрира во САД.
Мајкл Илич завршува средно образование и започнува бизнис во Детроит продавајќи пица. Потоа отвора сопствена продавница која подоцна прераснува во успешна франшиза наречена „Little Ceasars Pizza“. Формирана во далечната 1959 година, „Little Ceasars Pizza“ денес е меѓународна компанија позната ширум САД и Канада. Таа е спонзор и на најголемата аматерска лига во хокеј во државата.
Во спортот влегува со неговата жена во 1982 година, кога му беше понуден договор за добивање на НХЛ франшизата за хокеј-клубот „Red Wings“ од Детроит. Во 1992 година повторно добива можност да добие франшиза на безбол асоцијацијата „Detroit Tigers“. По неколку години, откако „Red Wings“ од Детроит го освои Стенли Купот во сезоните 1996/97 и 1997/8 година, двете франшизи стануваат популарни и профитабилни организации.
Секогаш инвентивен во новите ресторански коцепти успешно ги спојува бизнисот и спортот. Во јули 1987 година Илич ја купува историската зграда на Фокс Театарот во Детроит, кој е реновиран и отворен наредната година со капацитет од 5.000 седишта. Во текот на 1989 година зградата станува седиште на „Little Ceasars Pizza“. Во 1992 година во зградата на Фокс Театарот, сопругата на Мајк Илич, Марион Илич, отвара екслузивна продавница за уникатни подароци, единствена од таков вид во Детроит.
Во 1993 година смејството Илич го отвори Секонд Сити – Детроит. Театарот лоциран веднаш до Фокс Театарот, во себе ги содржи театарот и целокупните услуги на ресторанорт Хокејтаун Кафе. Илич го шири неговиот бизнис, а неговата Илич Холдинг корпорација од Мичиген вклучува повеќе профитабилни бизниси што ќе го направат еден од најмоќните и најбогатите бизнисмени во САД.
Во текот на животот Мајк Илич превзема повеќе проекти и активности со кои им помага на гладните, на жртвите од поплави, на ветераните за да се вратат во цивилниот живот и да застанат на сопствени нозе, како и на десетици илјади млади лица да се занимаваат со хокеј како спорт кој ги отргнува децата од улица и истовремено го изградува нивниот карактер.
Во 2000 година отвара добротворна организација, непрофитна фондација, која има за цел да им помогне на децата од областа на здраството, образованието и спортот Во 2008 година организацијата се преименува и го проширува своето делување со кое се промовираат економскиот развој, отварање на нови работни места и решавање на социјални случаеви како што се сиромаштијата, невработеноста, бездомништвото и гладта. За своите активности добива признанија од претседателите на САД Роналд Реган, Бил Клинтон, Џорџ Буш и др.
Мајкл Илич стапил во брак со Маријан Бајов Илич, исто така прва генерација на американка со македонско потекло од Дирборн, Мичиген, со која има седум деца.
До објавувањето на листата на „Форбс“ за најбогатите и најмоќните луѓе на светот, македонската јавност многу малку знаеше за животот на 83 годишниот Мајкл Илиќ. Ова е само еден дел од неговата успешна печалбарска приказна.
Објавно 03/2012

