Хокејот на мраз во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на Македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Сè до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа ХК Скопје се одигрувале на лизгалиштето Ташмајдан во Белград.
По одржувањето на Светското првенство, во 1970 се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб кој што се натпреваруваше во втората хокеарска лига исто како и сениорската екипа. Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони (Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Целје.
Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига. За жал, заради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар беше дисквалификуван и не стана член на првата хокеарска лига. Тоа што не му успеа на ХК Вардар, му успеа на ХК Скопје. Во периодот од 1987-1989 година таа екипа играше во првата лига, сè до 1992. Од 1992 па сè до 1999 година беше период на иницијатива хокеарската федерација на Македонија на неколку вљубеници на хокејот се направи основачко собрание во просториите на градскиот сојуз на спортови, се избра претседател ( Никола Тасев ) и продолжи традицијата. Во 2006 година конечно федерацијата застана на цврсти нозе и почна да собира млади вљубеници на лизгалиштето на Кале. Федерацијата активно соработува со основните училишта каде е базата за млади хокеари.
Од декември 2010 година ХФМ почна со активности, првите хокејари на новата ера се собраа на лизгалиштето под Кале. Се одиграа и рпвите пријателски натпревари на Кале, против Босна и Ираклис од Солун.
Во 2013 година спортскиот Центар „Борис Трајковски“ го отвори новото лизгалиште, но со необична пластична подлога. Која подоцна се замени со вистински мраз, а и арената доби покрив. Се формираше и клубот ХК Металург Скопје кој од тогаш настапува на разни првенства и турнири, на мраз и на ролерки. Исто така се формираше првото школо за деца хокејари.
Во 2011 година Македонија за прв пат настапи со репрезентација на ролерки и учествуваше на квалификациите за светско првенство во Софија, Бугарија. Од тогаш Македонија е редовен учесник, последен пат на квалификациите за СП 2017 каде ги забележи првите победи во историјата на Македонија. Против Србија и Бугарија, и го достигна историскиот најдобар пласман со четвртото место на квалификациите во Штајндорф, Австрија.
Во декемрви 2014 година следуваше првиот настан на репрезентација на Македонија на мраз, на гостување во Скопје дојде Бугарија на двомеч. Првиот натпревар го победи Бугарија на пенали, во вториот славеше домаќинот. Првиот гол за репрезентацијата го достигна Давор Анастасов.
Во летото 2017 година се формираа нови три клуба во Македонија, ХК Работнички, ХК Скопје и ХК Фаланга Илинден.

