
Заштитна опрема за хокеј на мраз (Ice Hockey Protective Gear) е задолжителна и мора да се носи на сите натпревари и тренинзи. Заштитна опрема вклучува кацига – helmet (со кафез/мрежа до 18 год. возраст, до 21 години т.н. полу-визир), за младите категории заштитник за вратот – neckguard, штитник за заби – mouthguard, штитници за рамењата т.н. градник – shoulder pads, коленици – shin pads, лактици – ellbow pads, ракавици – hockey gloves, специјални панталони – hockey pants т.е. заштита на средниот дел од телото. А најважното за еден хокејар и по обичај најпрвата заштитна опрема која ја облекува: суспензор – jock pants. И секако „алатот“ на хокејарот, палицата – hockey stick!
Под опремата хокејарите носат т.н. „Рибано“ или соодветна долна облека, н.пр. долг долен веш, маичка со долги ракави во зимскиот период. Над опремата секако дрес – jersey, и специјални чорапи – socks преку колениците т.н. „штуцни“ .
Опрема за инлајн-хокеј (Inline Hockey Protective Gear)
Заштитна опрема за хокеј на ролерки се разликува минимално. Наместо специјалните хокејарски панталони се користи т.н. гирдл – girlde исто познато како „шок-пентс“ (shock-pants) кои се полесни али ипак нудат заштита. Како панталони над опремата во инлајн-хокејот се носат долги панталони без заштита и е фалтички навлака често и во специјален тимски дизајн, т.н. inline/roller hockey pants.
Во сенорските категории (над 18 год.) градник т.е. штитник за рамењата и градникот не е задожителен. Често сениорите користат т.н. „падед-ширт – padded shirt“ што претставува лесен штитник во форма на мајца која е лесна и нуди можност на флексибилност.
Хокејот на ролерки со топка т.н. „скејтер-хокеј“ се игра со идентична опрема како на мраз. Во скејтер хокејот контактот е дозволен, и затоа неопходна е заштитата на целокупното тело.

Лизгалки (Ice Hockey Skates)
Најважен дел од опремата се лизгалките. Хокеј лизгалките се оптимизирани за повеќе функции, од кои голем дел му овозможуваат на играчот да ја постигне најголемата лизгачка брзина. Хокеј лизгалките се оптимизирани за физичко забрзување (маневрирање) што му овозможува на играчот брз почеток и застанување, да свртува и да ја промени насоката на лизгање.
Дополнителна функција им е дека треба да бидат цврсти и тешки за да ја заштитат ногата на лизгачот од допир со други лизгачи, хокеј палки и плочки, од теренот и од мразот.

Ролерки (Inline Hockey Skates)
Во летниот период хокејарите играт хокеј на ролерки. За т.н. инлајн-хокеј или скејтер-хокеј исто така постојат оптимизирани „лизгалки“ т.е. ролерки (Inline-Skates). Во главно ги има сите карактеристики како лизгалка со разлика што наместо нож за на лед е монтирана шина за 4 гумени тркаленца (во младинските категории три гумици). За разлика од т.н. „рол-шуги“ инлајн ролерките имат 4 тркала наредени во една линија, со тоа инлајн-ролерката е многу пофлексибилна за возење и наликува на клизање на мраз, пред се на професионална инлајн-хокеј подлога.

Палица (Hockey stick)
Најважниот инструмент на еден хокејар е негова палица, и секој си има свој вкус што се однесува на должината на палицата (stick lengths), дијаметарот на кривината на лопатата (blade curve) и тврдината (stiffness).
Денешните хокеј палици се хај-тек производи, ретко се користат палици како на времето од дрвен материјал. Карбон е најупотребениот материјал за хокеј палици и вече за удобна цена можат да се најдат квалитетни хокеј палици.
Кадетските и јуниорските палици се пократки и помеки, а голманот кај хокејарите има специјална посебна палица.
Друга опрема (Off Ice)
„За на хокеј“ не е потребна само хокеј опрема, пред натпревари и тренинзи играчите мора да се загреваат вон хокеј теренот. За тоа, во секоја хокејарска торба мора да се најдат маичка или дрес, гаќички, патики а и влечки за туширање и пресоблекување.
Пак/Плочка (Ice Hockey Puck, Inline Hockey Puck)
Со Пак се опишува плочката со која хокејарите ја играт својата игра. Пакот за хокеј на мраз е произведен од црвста гума и е 1 цол висок а проекот е 3 цол односно 2,54 на 7,62 см. Тежината одреден со 5,5 до 6 Унци односно 156 до 170 гр. За различните категории, сениори, јуниори, кадети, бамбини има пакови со одредена тежина. Пакот за сениорите е со црна боја, другите се сини, зелени, црвени зависно од категоријата.
За хокеј на ролерки постој специјална плочка која е полесна и изработена за суви подлоги. Официјалниот пак на светската хокејрска федерација е во црна боја, пакот кој се користи на првенства на светската федерација за споротви на ролерки е во црвена боја, големината и теината е скоро идентична.
Топка, хокејот на ролерки се игра и со топка и се нарекува „скејтер хокеј“. Топчето е со портокалеста боја и тежи од прилика 100 до 110 гр.

Голмани
Голманите во хокејот ја имат најобемната опрема, а и најтешката. Специјални лизгалки со помал нож или ролерки, ролерките имат по едно тркаленце повеќе а тие се доста помали од гумите на играчите.
Кацигата е специјална и има додатна заштита за вратот. На рацете носи голманот т.н. „лапачка“ и „блокер“. А под дресот голманите морат да облекуваат специјален градник, суспензор, налактици, голмански панталони со подобела заштита, мали коленици и големите блокери на нозете т.н. „шицери“ или „шини“.
Голманот има специјална палица кој мо овозможува на голманот да блокира шутеви или да прекине дриблинг на противникот.


